Собранието е највисок орган на управување со Кооперативата, а составено е од делегати/делегатки членови од Здружението по еден глас во Собранието. Собранието ќе заседава најмалку еднаш во две години на повик од Управниот одбор. Собранието може правоважно да одлучува ако е присутно повеће од една третина членови на Здружение, а одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови, освен во случаевите кога со Статутот е одредено поинакво мнозинство.

Собранието:

  • ја одредува насоката на развојот на Кооперативата
  • донесува Статут на Кооперативата и неговите измени и дополнувања;
  • донесување и изменување на тригодишен стратешки план за делување на  Кооперативата  и пратечки финанциски план;
  • донесување и  изменување на Деловникот со кое детално се одредува начинот на работа и донесување одлуки  
  • донесување на други документи и одлуки важни за работа на Кооперативата;
  • ги бира и разрешува членовите од Управниот одбор;
  • го разгледува и го  усвојува извештајот за работа на Кооперативата;
  • ги оснива и именува одборите и слична тела према потреба те им задава задачи;
  • одлучува за примање и исклучување заедници од Кооператива;
  • одлучува за престанок со работа на Коопетарива
  • и ги извршува и другите работи одредени со Законот или со Статутот.