Кооперативна - регионална платформа за култура е регистрирана во август 2012. година во Загреб, како невладина, непартиска и непрофитна асоцијација на правни лица. Тоа е регионална мрежа на организации кои работат во областа на независната култура и современата уметност во Југоисточна Европа. Кооперативата заеднички ја основале 21 организации за независна култура од земјите на регионот: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија, кои се активни во сите области на современата културна и уметничка креативност.

Платформа Кооператива основана е со цел на создавање на долгорочна и одржлива рамка за соработка и развој организацијата за независната култура на подрачјето за Југоисточна Европа. Во согласност на основните цели на оснивањето, Кооператива дејствува на подрачјето за зајакнување на капацитетите на организациите на независни култури со пренос на добрите пракси и знаења; зајакнување чинители кои допринесуваат за развој на културните политики на подрачјето од регионот; и да се создадат услови за континуираната имплементација на проекти за соработка помеђу организациите на независната култура који работат во различни земји од Југоисточна Европа.

Кооператива работи како регистрирана платформа од 2012. година, а нејзиното оснивање и работа резултат се на долгогодишна соработка на организациата на независни култури активни на оваа област. Партнерите собрани околу Кооперативата тесно соработуваат од 2005.година, а заедно поминаа ред активности; заеднички проекти во рамките на програмата на размена и соработка; собирање и вмрежување чинители од назависната култура; информациските и едукациските активности. Покрај тоа Кооператива и чинители се собрани околу неа работаат и на подрачјето за заговарање на мерки од културна политика кои би ја унапредиле међународната културна соработка и овозможиле нејзината долгорочна одржливост.

Главните цели на оваа платформа се:

  • обезбеди рамка за долгорочна и одржлива проектна соработка и програмска размена помеђу чинителите за независна култура во регијата
  • да се зајакнат капацитетите на организациите преку трансфер на добри пракси и знаења
  • зајакнување на чинители кои можат да придонесат за развојот на културните и други политики кои ќе ја донесат значајни промени во културните системи на земјите од регијата.