The need to found the association Freedom Square arose from the existing political, cultural and social state of the citizens of the Republic of Macedonia and Skopje. The emergence of new forms of abuse of urbanism and architecture for the purpose of populist and nationalist policies, imposed a real necessity to work on raising very low civic awareness, as well as awareness of public space, spatial planning, public interest and the commons. Completely aware of the challenges our democracy, culture and our cities are facing, the Founders' Assembly of the Association for activism, art and theory Freedom Square as a non-partisan, non-governmental and non-profit organization, has brought its Program.

We envision the open, tolerant and cosmopolitan City as a source and foundation of democracy, freedom and open society. The patrons of such a City, perceived primarily as democratic public space, ought to be its responsible and solidary citizens.
Our mission is to develop alternative and inclusive culture, civic-oriented urban policies and grassroot citizens' activism.

Freedom Square aims to:

  • Found and maintain open democratic public spaces in the Republic of Macedonia;
  • Participate in the processes of public opinion making and public policy creating;
  • Produce, promote and exchange local culture and knowledge;
  • Regionally contextualize citizens' activism;
  • Thoughtfully research various forms of City capital perceived as material and non-material heritage, urban customs, lifestyles and values.

Потребата за формирање на Здружението Плоштад Слобода се наметна како резултат на постојната политичка, културна и социјална состојба на граѓаните на Република Македонија и Скопје. Појавувањето на нови форми на злоупотреба на архитектурата и урбанизмот во функција на популистички и националистички политики, што е особено загрижувачки поради кревките меѓуетнички односи, наметна реална потреба за подигнување на ниската граѓанска свест во Република Македонија. Свесни за предизивиците пред кои се исправени денешните демократија, култура, и нашите градови, Собранието на основачи на Здружението на граѓани Плоштад Слобода како невладина, непрофитна и непартиска организација, ја донесе својата Програма за работа.

Визија
Отворениот, толерантниот и космополитскиот град го замислуваме како извор и темел на демократијата, слободата и отвореното општество. Главни заштитници на таквиот град, сфатен првенствено како демократски јавен простор, треба да бидат неговите одговорни и солидарни граѓанки и граѓани.

Мисија
Мисијата на здружението Плоштад Слобода е развивањето на алтернативна и инклузивна култура, граѓански ориентирани урбани политики и независен граѓански активизам.Плоштад Слобода како свои цели за својата прва годишна програма ги издвојува:

  • Одржување и создавање отворени демократски јавни простори во Република Македонија и пошироко;
  • Учество во градењето на јавното мислење и во креирањето јавни политики;
  • Создавање и промоција на инклузивни културни и урбани политики;4.   Подигнување на нивото на знаењето, пред се’ во областа на културата на градот;
  • Поттикнување критичко мислење во однос на планирањето и организирањето на урбаниот простор;
  • Иницирање и потпомагање различни видови културна продукција на локално ниво;
  • Размена на теоретски и практични знаења и искуства од областа на активизмот и јавните политики;
  • Регионална контекстуализација на досегашниот активизам, односно овозможување на поголемо влијание на регионалниот контекст врз нашите локални прилики;
  • Поголема општествена вклученост на маргинализираните заедници, групи, идентитети;
  • Попроникливо и поразвојно истражување на формите на градскиот капитал сфатен како материјално, но и како нематеријално наследство, односно обичаи, атмосфера, начин на живот и вредности.